Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Слаб говор, лоши пораки – Мицкоски призна дека ништо не направил, ама „допрва ќе работел“

Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува. Свесен е дека не му поминуваат лагите кои четврта година како локална власт и една година како апсолутна централна власт ги кажува.

„Најдоброто допрва доаѓа“ е најлошиот слоган за кампања и потценување на интелигенцијата на граѓаните. Што е тоа што „допрва ќе дојде“? Не беа доволни четири години локална власт и една година централна власт за да направите нешто?

Срамно е Мицкоски да зборува за правда. Направи сè за да ги скрие од одговорност неговите луѓе кои се директно одговорни за најголемата трагедија во историјата на модерна Македонија. Луѓе кои биле финансиери на партијата, но за тоа ќе слушнат граѓаните од утре, исто како што ги објавивме оние кои ги криеја со месеци.

Мицкоски зборува за раст на економијата. Јас не верувам дека постои барем еден човек надвор од неговото опкружување што верува во оваа приказна. Според Евростат, Македонија е земја со најлош животен стандард во Европа. Стагнираат платите, дивее инфлацијата, државниот долг е зголемен за 7 милијарди евра. За цело ова време Владата се луксузира со приватни авиони, јаде папаја и манго, се шета по најскапите хотели во светот.

Сакам да го прашам Мицкоски, каде е тужбата за „Бехтел и Енка“? Сега дури и Трајко Славески најави дека ќе се зголеми трошокот за тој проект за 700 милиони евра, од 1.3 милијарди како што беше договорено на 2 милијарди евра. Кој се „вгради“ со проценти во овој договор?

Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера не е „кодошење“ туку патриотизам. ВМРО, НОБ и АСНОМ се генеза на борци против диктатура, авторитарни режими и врховисти.

Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство кое може еден Македонец да го направи.

За крај, ВМРО-ДПМНЕ е четири години власт во Битола. Се прашувам, нели му беше непријатно на Мицкоски да се вози по дупките до „Хераклеја“ и џунглата околу локалитетот која со години не е средена.

error: Соддржината е заштитена.