Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски: Две милијарди денари за инвестиции во образованието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ветувањето за подобрување на инфраструктурата во образованието и активностите што се преземаат на тој план, изјави:

„Што се однесува до Министерството за образование, тука имаме инвестиции од околу 2 милијарди денари, седум комплетно нови училишта и 20 кои се реновираат, четири нови спортски сали, два студентски дома.

Дел од билатералниот стратешки договор со Обединетото Кралство, изградба на нов медицински факултет во рамките на новиот клинички центар во Штип и студентски дом со 200 легла. И очекувам оваа година да продолжи изградбата на зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, но и почетокот на изградбата на комплексот на Универзитетот „Мајка Тереза“, изјави премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК