Centar.mk
фото Centar.mk (c) /Илустрација
вестМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми

Владата има на располагање конкретни механизми за борба со високите цени, но не презема ништо, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „360 степени“.

„Во далеку посложени услови и со повисока инфлација, ние направивме максимум што можеше да се направи со различен сет на мерки. Денес Владата има уште полесни услови и две алатки во рака – а не ги користи,“ истакна Битиќи.

За среќа и радост во вашиот дом, заследете го следниот канал на YouTube со клик тука!

▶ ЗАСЛЕДЕТЕ ГО TAMNI TALAS

Уживајте во музика исполнета со емоции, љубов и убави моменти.

Како клучен неискористен инструмент го посочи Законот за нефер трговски практики, кој според него, требало веќе одамна да биде во примена.

„Комисијата за заштита на конкуренција требаше да има капацитет и да постапува. Имаше дојави за картелско здружување и ништо не се случи. Потребна е примена на законите “, рече Битиќи.
Тој додаде дека нема никаква разрешница, иако законот предвидува високи казни, а моралните повици не функционираат никаде во светот.

Во однос на високите цени на храната, тој изрази сомнеж во оправданоста на поскапувањата.
„Не може, ако е увезен производ, неговата цена во соседството да биде три пати пониска од кај нас. Увозната и малопродажната цена кај нас се со огромна маржа“, рече Битиќи.

Пратеникот од СДСМ нагласи дека Владата има одговорност да реагира.

„Тука е Владата да интервенира преку Државниот пазарен инспекторат и преку мерки кои можеби не се идеални според логиката на пазарната економија, но во одредени ситуации се нужни“, рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

СИЛНО ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Дожд, снег на планините и ветер, од вторник утрински температури под нулата

ДЕСК

РАМА СО ПОРАКА ЗА МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТА УНИЈА – Албанија нема да се меша во одлуката за уставните измени

ДЕСК

МУЦУНСКИ ДЕНЕСКА ВО АТИНА – Македонија на состанок за иднината на Западен Балкан

ДЕСК