22. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Влада: 1570 стипендии за учениците во дуалното образование

-Со конкретни мерки и идеи вложуваме во подобрување на образовниот процес. За таа цел преку Министерството за образование и наука за следната учебна година 2025/2026 ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта, соопшти денеска Владата.

„За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.

Воедно, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата.

Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава.

Вложувањето во образованието, значи вложување во иднината и перспективата за развој на Македонија.

Како Влада фокус се реформите во образованието за подобар и поквалитетен образовен процес.

Продолжуваме посветено и одговорно.

Државата е на патот на промените.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Службеник од општина Шуто Оризари присвоил од општинскиот буџет 3.600.000 денари

ДЕСК

Средба Божиновска со новоименуваниот економски аташе на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија

ДЕСК

Културата е во најлоша состојба досега, тоа е резултатот на Љутков и ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК