Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Огромно е разочарувањето на граѓаните од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Огромно е разочарувањето на граѓаните од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на работен состанок со општинската организација на СДСМ Гевгелија, објави СДСМ на социјалните мрежи.

-Причините сите ги знаеме, неисполнети ветувања, катастрофа во економијата, пад на животниот стандард на граѓаните, секојдневни скандали кои ја тресат власта, блокирана иднина на државата. Последните две анкети кои што се направени и завршени пред неколку денови покажуваат пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ од 100.000 гласа споредено со ланските избори, се вели во објавата на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК

Груевски добил унгарско државјанство, објави „ВиСквер“

C +