Centar.mk
СВЕТ

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран

Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул.

– Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја пропуштил можноста за конструктивни разговори.

Тој нагласи дека деескалацијата и долготраен мир во регионот се можни само ако Иран престане да биде закана за регионот, Израел и Европа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА ТВРДИ ДЕКА ПОГОДИЛА РУСКА ФАБРИКА ЗА РАКЕТИ – Зеленски соопшти и за уништена воена опрема од 70 милиони долари

ДЕСК

ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА ВО ПОЛСКА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА – Туск најавува продолжување на реформите во Уставниот суд

ДЕСК

МОЖНИ НОВИ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА – Зеленски спомена период од 6 до 10 ноември

ДЕСК