Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за мобилни телефони додека народот нема за леб!

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење на парите на народот и целосна одлепеност на власта за реалните потреби на граѓаните.

Само во првите пет месеци од оваа година и само дел од институциите под капата на власта склучиле договори за мобилна телефонија и интернет во вредност од 2,9 милиони евра!

3 милиони евра, пари на граѓаните. Ако се додадат на ова и сумите од сите министерства, МВР агенции, и така натаму бројката е огромна.

Во време кога народот нема за леб, инфлацијата расте и го јаде животниот стандард, во време кога луѓето пресметуваат дали да купат лекови или храна,

Кога болниците немаат основни средства, пациентите носат завои од дома, нема лекови.

Кога родителите во Кочани сами ги лекуваат децата повредени во трагедијата!

Додека народот во Македонија страда, власта троши милиони евра за телефони.

Малку им сè егзотични храни, папаја, манго, малку им се покачени плати на функционерите, сега 3 милиони евра за телефони, на грбот на народот.

Колку им е доволно на министрите да се најадат, да се напијат, да зборуваат на телефон – на сметка на граѓаните?

Оваа власт не знае за граници.

Па за тоа ли ги задолжија граѓаните со 7 милијарди евра? За ова ли да плаќа нашиот народ?

Секој ден гледаме како ВМРО-ДПМНЕ ја користи власта не за да им служи на граѓаните, туку за да им се изживува!

Народот крпи крај со крај, а функционерите на Мицкоски се луксузираат, па сега уште и со службени телефони.

СДСМ бара власта веднаш да се откаже од оваа аздисаност и веднаш да ги намали драстично парите за луксуз на функционерите. Парите треба да се пренаменат за оние на кои им се најпотребни.

Не може да нема пари за плати на народот, за болници, градинки, за загинатите и повредените од Кочани а функционерите да трошат 3 милиони евра за телефони.

error: Соддржината е заштитена.