Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каја Шукова за НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

Ако лошиот изборен резултат го гледате како важна лекција, ако ја слушнете пораката на вашите членови, но и на граѓаните, треба сериозно да се запрашате зошто во еден момент била изгубена довербата – дали е поради вашите политики, или вашите кадровски решенија. Во едно вакво сценарио постојат многу ,,зошто и затоа,,, но она што е најважно е да бидете реални, да ги надминете недостатоците и повторно да ја вратите довербата на граѓаните, вели потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во интервју за Новатв.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните. Патот на Северна Македонија кон ЕУ под владеење на ДПМНЕ е блокиран процес, а сигналите од високите европски претставници се јасни.

Македонија беше пред сите држави во регионот на Западен Балкан, и во ист пакет со соседна Албанија, благодарение на ЕУ политика на Владата предводена од СДСМ. Во моментов Македонија е исклучена од сите планови и изгледите да бидеме опфатени со следниот бран проширување се никакви, а штетите ќе бидат повеќекратни. Особено на штета на младите кои ќе продолжат да се иселуваат од државата.

Она што треба да го разберат граѓаните е дека Македонија преговара со Европската Унија и секој спор кој би се појавил во иднина ќе се решава во рамки на Унијата, а не во билатерален однос со некоја од земјите членки на ЕУ. Погрешна е политиката на ВМРО- ДПМНЕ да го билатерализира спорот и на тој начин да ја закочи државата на патот кон ЕУ.

И со право најголем дел од граѓаните си го поставуваат денес прашањето: дали ДПМНЕ има воопшто идеја и начин на кој ќе го одблокира ЕУ интегративниот процес? – вели потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во интервју за Новатв.

Целото интервју прочитајте го на следниот ЛИНК.

Можеби ќе ве интересира

Владата донесе одлука до Собранието да го достави предлогот Ненад Савевски за нов државен јавен обвинител

ДЕСК

Битолчанка останала без пари и накит – Познатата измамничка шема и натаму актуелна, повозрасните да внимаваат!

ДЕСК

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК