Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Влада: Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани, соопшти Владата.

„Владата на вчерашната седница донесе одлука и го задолжи Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август.

Дополнително, тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите.

Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита.

Доколку медицинските тимови и здравствени работници одлучат дека е потребно продолжување на временскиот период за лекување и рехабилитација на пациентите, Владата ќе ја продолжи одлуката.

Пациентите нема да платат ниту денар, се е на трошок на Министерството за внатрешни работи и Владата кои ќе обезбедат сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар.

Приоритет се и ќе останат граѓаните.

Нашата политика е да работиме одговорно и посветено, а не да влегуваме во дневно политичките обвинувања со одредени опозициски партии кои за жал од трагедијата сакаат да соберат некој поен.

Од првиот ден кажавме дека фокусот ни се граѓаните, нивните потреби и нивните барања.

Продолжуваме да ја менуваме Македонија.

Државата е на патот на промените.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА РАСТЕ – До 13 часот гласале 4.518 граѓани, ДИК со нови податоци

ДЕСК

Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

ДЕСК

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК