Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Директорот на Царинска управа: Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 % – предистрагите на Царина го дадоа ефектот

Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период. Притоа раст на приходите има по секој основ. Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани, истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, денеска на прес-конференција.

Зголемените контроли на увозите на автомобили, и предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила што резултираше со 41 кривична пријава поднесена од страна на Секторот за контрола и истраги, и тоа само годинава, вели директорот Николовски, го дадоа својот ефект преку зголемен пријавен увоз на возила и зголемена наплата на приходи по овој основ.

Николовски потенцира дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.

„Од почетокот на годинава заклучно мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра, или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани“, истакна Николовски.

Поголемата ефикасност и професионалност на Царинската управа, вели, е повеќе од видлива. Нагласи дека ваквите успешни резултати значат побезбедно општество, и значат повеќе пари во Буџетот за нови училишта, нови градинки, нови болници, автопати, повисоки плати и пензии.

error: Соддржината е заштитена.