Полските и сојузничките авиони беа активирани рано утрово за да ја обезбедат безбедноста на полскиот воздушен простор откако Русија започна воздушни напади насочени кон западна Украина, близу до полската граница, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
„Преземените чекори имаат за цел да ја обезбедат безбедноста во регионите што се граничат со ризични зони“, соопшти Командата на Икс.
Цела Украина беше под тревога за воздушен напад од 2 часот наутро во понеделник откако украинските воздухопловни сили предупредија за напади од руски ракети и беспилотни летала.
Во Ривне, град во северозападна Украина, далеку од фронтовските линии, беа пријавени повеќе експлозии во услови на нов бран напади со беспилотни летала и ракети.
Масовниот напад доаѓа само неколку дена откако Русија лансираше 452 беспилотни летала и 45 ракети врз украински цели во ноќта на 6 јуни – што се смета за еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната. Кремљ вели дека нападот бил одговор на украинската операција „Пајакова мрежа“, во која беспилотни летала нападнаа руски стратешки авиони.
Украинските воздухопловни сили издадоа воздушни предупредувања во неколку региони во текот на ноќта на 8 и 9 јуни, предупредувајќи за заканата од балистички ракети и беспилотни летала „Шахед“.
Експлозии беа пријавени во Киев, како и во Ривне./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...