8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Граѓаните донираа 600.000 евра за Кочани, а Мицкоски отвори телефонска линија за да му се јавеле во кабинет

На помпезно најавуваната прес-конференција на портпаролката на Владата, Марија Митева беше соопштена веста дека Владата, односно Канцеларијата на премиерот отворила телефонска линија на која ќе можат да се јават повредените од Кочани и нивните семејства.

Токму семејствата на повредените со недели до јавноста апелираат дека немаат никаква поддршка од државата, дека процесот на лекување и закрепнување е многу скап, а денес Владата реагираше со отворање на телефонска линија за која барем за сега не се знае за што конкретно ќе служи и како ќе им помогне на настраданите.

И додека Владата се фали со отворање на телефонска линија, граѓаните кои во овие два месеци се организираа самите, собраа околу 600.000 евра преку платформата Support Kocani.

Вчера од иницијативата Support Kocani“ соопштија дека 600.000 евра се распределени кон семејствата на жртвите од пожарот во Кочани, но и дека се собрани и медицински помагала, апарати и опрема кои биле донирани на кочанската болница.

Ваквите акции за помош на настраданите во пожарот во Кочани продолжуваат, граѓаните на различни начини се организираат да помогнат додека Владата организира затворени дебати во владиниот прес-центар и отвора телефонска линија.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.