Centar.mk
БИЗНИС

Повеќе од половина од самовработените во ЕУ работат и по пензионирање

Во Европската унија, 56,4 отсто од самовработените лица во текот на 2023 година продолжиле да работат дури и по добивањето на првата пензија, објави денеска Евростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведува дека меѓу земјите-членки на Европската унија, процентот на самовработени пензионери кои продолжиле да работат или повторно се вклучиле на пазарот на трудот бил највисок во Шведска (98,4 отсто), Финска (88) и Ирска (87,7).

Од друга страна, најниско учество имало во Шпанија (18,2 отсто), Грција (20,3) и Словенија (40,4).

Повеќе од половина (57 отсто) од вработените пензионери во ЕУ работеле со скратено работно време.

Оваа стапка е значително повисока отколку кај вработените кои не се пензионери (16,2 отсто)./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТЕХНОЛОШКИТЕ АКЦИИ ЈА ПОДИГНАА БЕРЗАТА – „Насдак“ и „Ес енд пи 500“ ја прекинаа низата падови

ДЕСК

НАЦРТ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕТО НА ЦРНА ГОРА – Се разгледува затворање на преостанатите поглавја до крајот на годината

ДЕСК

„ФАЈЗЕР“ ЈА ПОДИГНА ГОДИШНАТА ПРОГНОЗА – Очекува приходи од 62 до 64 милијарди долари

ДЕСК