Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Таравари: Гостивар е пример за функционални меѓуетнички односи

Говорејќи за социјалната кохезија и меѓуетничките односи, Таравари го посочи својот роден град Гостивар, каде што е градоначалник, како модел за хармонично функционирање на различните заедници.

„Многу сум горд што доаѓам од град како Гостивар, каде што Албанците, Македонците, Турците, Ромите живеат како браќа. Сите знамиња – македонското, албанското, турското, ромското – се поставени во општината. Ова е доказ дека можеме да живееме заедно во хармонија,“ – рече тој.

Сепак, Таравари изрази загриженост дека на државно ниво, оваа атмосфера на соработка и хармонија не се одразува. Според него, општото чувство е дека постои внатрешна поделба и недостаток на кохезија меѓу заедниците.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +