Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Павел Иванов – претседател на ОО СДСМ Штип:
За речиси четири години градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека се само продолжена рака на нивниот патрон – Христијан Мицкоски.
Наместо мерки и политики во служба на граѓаните, сведоци сме на нефункционални општини и коруптивни шеми.
Општината Штип е само една од општините каде градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, по стапките на Мицкоски, ја претвораат локалната самоуправа во сервис за лични бизнис интереси, а не во сревис за граѓаните.
Но, наместо извинување и отчет пред штипјани, ВМРО-ДПМНЕ без срам, повторно го предлага Иван Јорданов за кандидат за градоначалник. Истиот тој градоначалник кој четири години ја води општината крајно недомаќински, неспособно и коруптивно.
Дали ВМРО-ДПМНЕ мисли дека Штипјани се граѓани од втор ред и немаат право на достоен живот во сопственото родно место?
Општинината наместо развој – доживува застој. Ветените проекти се само на хартија.
Во услови кога трошоците за живот секојдневно растат, кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, градоначалникот Јорданов дополнително удри по џебот на граѓаните.
Цената на водата порасна за 26%, Канализацијата за 16%, Сметот за цели 110%, Данокот на промет за 33%.
Зголемени се и цените за паркинг, такси превоз, надомест за градежно земјиште и имотен данок.
Додека Штипјани мора да ја полнат локалната буџетска каса, општинската администрација ја тресат скандали.
18 милиони денари потрошени за нафта што никој не знае каде и за што завршила. Секретарката на Општината гради дивоградба, а никој не презема одговорност. Се продаваат заштитени објекти како хотел „Гарни“ по смешни цени.
Општински имот како магацини, простории, земјиште – се распродадени без план и визија. Клиничкиот центар е претворен во огласна табла за партиски вработувања – таму се и сопругата на Јорданов и братот на портпаролот на ВМРО Штип.
На сите овие скандали, долг е списокот на неисполнети ветувања од програмата на Јорданов, кој е подолг од било кој реализиран проект. Во интерес на времето ќе набројам неколку : Булевар „Партизанска“ и обиколницата – сè се уште „во тек“.
Градинки, детски центри, спортски сали, дом за стари лица, младински центар, атлетски стадион, картинг патека, гасификација, фотоволтаици, пречистителна станица и уште многу други проекти, се само на хартија. Ни трага ни глас од субвенции за велосипеди.
Во овие скоро четири години во Штип се реализираат само проекти кои се од личен бизнис интерс на партијата и градоначалникот. Како што е изградбата на фонтана со средства наменети за кровот на Штипската гимназија.
Денес, Штип е сообраќајно задушен, без паркинг, без семафори на клучна крстосница, со депонија што гори секој ден и прекини на вода во лето. ЈП Исар тоне во долгови, а за првпат по 40 години не се одбележа ни Денот на пожарникарите.
Ова е резултатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Штип – скапа и лажна пропаганда, распродажба на ресурси, неисполнети ветувања и расипничко трошење на народните пари.
Граѓаните веќе ги препознаваат лошите политики на ВМРО- ДПМНЕ. СДСМ нема да молчи пред ваквото расипништво.Нашиот фокус е јасен – враќање на достоинството на Штип. Штип заслужува повеќе и подобро. А тоа ќе го донесе само нова, одговорна и чесна локална власт!
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...