8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Николовски: Оваа влада не сака да влеземе во ЕУ

-И оставивме на оваа влада една година за нова преговарачка рамка-нема нова преговарачка рамка. Оставивме една година за уставни измени со одложено дејство, ниту тоа не се издејствува од страна на владата, нема подобра позиција во целата оваа година. Затоа сум лично уверен дека оваа влада не сака да влеземе во ЕУ, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во „Тема на денот“, во вестите на Сител.

Николовски нагласи дека друга алтернатива нема освен осигурување на европската иднина и тоа се случува во период кога Албанија се одвојува со преговорите, кога Црна Гора веќе влегува, а ние тапкаме во место и тоа ќе биде уште една поголема причина за најголемиот проблем, а тоа е иселувањето на младите.

Во врска со провокациите од бугарска страна во Европскиот парламент, Николовски истакна дека тоа не се случува за прв пат и смета дека ЕП тоа нема да го дозволи.

-Оваа провокација доаѓа од сестринска партија на владеачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ и верувам дека и таа пречка ќе биде отстранета. Тоа ќе биде доволно веќе за премиерот и владата да застанат цврсто и одлучно токму на патот што е стратешка цел, утврдена со самата независност. Дека нема повеќе да го губиме времето и дека ќе ја оствариме оваа цел, ќе дојдеме до европскиот пазар, до големите европски фондови, дека паралелно со процесот на преговори ќе градиме систем, ќе се реформираме, ќе создадеме шанса за младите да останат тука, нагласи Николовски.

Тој потенцираше дека СДСМ и претседателот Филипче побараа поддршка од ПЕС во Европскиот парламент и истакна дека македонскиот јазик и идентитет се гранатирани и со европскиот договор и ФРОНТЕКС.

-Договорот е на македонски јазик, договорите и со Грција и со Бугарија се потпишани на македонски јазик. И првата меѓувладина конференција и скриниг процесот се одвиваше на македонски јазик. Благодарение на СДСМ. Нема посилна потврда низ официјалниот пат на преговори со ЕУ за идентитетот, за разлина од ваквите провокации, кои ние ги осудуваме, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во вестите на Сител.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК