Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Селективност за перење на Христовски, зошто Обвинителството не побарало одговор директно до ЕТS?

Соопштение на СДСМ – интегрален текст:

Со одлуката за отфрлање на кривичната пријава против директорот на АНБ, Бојан Христовски, Јавното обвинителство се стави во улога на алатака во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо независен огран ослободен од политиката, да го брани јавниот интерес и владеењето на правото гледаме скандалозно селективни постапки за перење на Христовски и незаконското назначување за директор на АНБ.

Зошто обвинителството не е побарало официјален одговор директно од ETS – Educational Testing Service, институцијата што ги издава ТОЕФЛ сертификатите?

Зошто не е постапено идентично како со двете директорки на училишта и со директорката на болница во Дебар, кои беа гонети и осудени затоа што користеле фалсификувани ТОЕФЛ сертификати добиени од исто место како Христовски – јазичното студио „Јулија“?

Во сите овие случаи, обезбедени се докази директно од ЕТS и тоа за многу кратко време. Зошто сега, кога станува збор за Христовски, партиски кадар на ВМРО-ДПМНЕ е целосно игнориран ETS од страна на Обвинителството?

Оваа скандалозна одлука не само што ја руши довербата во институциите, туку и потврдува дека сѐ уште живее духот на тефтерчињата од времето на Груевски.

Со ВМРО-ДПМНЕ на власт, нема и не може да има правда.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК