Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Трајчулески за Договорот со Британија: Дали веќе се договорени фирмите – изведувачи?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, од собраниската говорница упати сериозни прашања до Владата и побара итна транспарентност за одредбите од договорот со Обединетото Кралство, со кој, како што рече, се отвораат можности за нетранспарентни зделки и заобиколување на Законот за јавни набавки.

Посебна загриженост, според него, предизвикува и ставот 2 од членот 2 од Договорот, кој вели: „ќе се олесни запознавање со британски деловни субјекти за поддршка на реализацијата на проектите“.

„Македонската јавност има право да знае – што значи оваа одредба? Дали се работи за веќе договорени изведувачи? Ако е така, тоа е во директна спротивност со Законот за јавни набавки и принципот на конкурентност. Каква е тогаш логиката министерката за финансии да тврди дека ќе се почитува домашното законодавство?“, истакна пратеникот на СДСМ.

Во продолжение, тој посочи на многу нејасностии и на членот 3 од договорот, каде се вели дека ќе се работи на „мобилизирање на финансирање на приоритетните проекти наведени во анексот А“.

„Ова отвора ново прашање – дали за секој проект ќе се бара дополнително финансирање, со непознати каматни стапки и услови? Тоа значи висок степен на непредвидливост и сериозен финансиски ризик за државата“, предупреди Трајчулески.

СДСМ јасно порачува: Владата мора веднаш да излезе пред јавноста и да одговори на сите овие прашања. Граѓаните заслужуваат транспарентност, а не договори зад затворени врати.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК