Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала се случи во 3:06 часот наутро по локално време во Грција во Коринтскиот Залив, според податоците од Атинскиот геодинамички институт.

Силен земјотрес од 4,8 степени што беше регистриран во Коринтскиот Залив беше почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини.

Во соопштението на Атинскиот геодинамички институт се наведува дека епицентарот на земјотресот бил 13 километри југоисточно од Галаксиди, а жариштето било на длабочина од 13,5 км.

Коринтскиот Залив е чувствителна зона која се карактеризира со висока сеизмичност и честа појава на земјотреси, наведува „Катимерини“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги засилува нападите врз Либан: Повеќе од 30 загинати и десетици повредени

C +

Руски гувернер: Украина го нападна Севастопол со ракети „Storm Shadow“

C +

Туристка поднела тужба против хотел во Италија: ѝ наплаќале седум евра за вода, а не ѝ давале од чешма – судот пресуди

C +