Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ на терен: Нема ни траг од фирмата што дoби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште?

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ:

Почитувани,

Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР.

Станува збор за адреса на фирмата којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје.

И што најдовме тука? Апсолутно ништо!

Нема нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата.

Како е регистрирана оваа фирма?

Дали фирмата има фиктивно седиште?

Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори.

Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи?

Ова не е обичен тендерски скандал.

Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта.

СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и понуштување на овој скандалозен тендер.

Парите на граѓаните не се за партиски и бизнис зделки на министрите од ВМРО-ДПМНЕ!

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК