7. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Владата живее во меур, економијата е девастирана, стандардот на граѓаните руиниран

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, оцени дека Владата веќе подолго време нема легитимитет, бидејќи, како што рече, целосно ја игнорира реалноста во која живеат граѓаните.

„Сметам дека владата нема легитимитет одамна, веќе од пред неколку месеци кога стана јасно дека воопшто не се заинтересирани и лошо ги менаџираат сите проблеми“, рече Филипче. Тој ја опиша економската состојба како „девастирана“, а стандардот на граѓаните како „руиниран“. „Луѓето не може крај со крај да врзат. Цените се надвор од контрола. Луѓето не можат една кошничка да купат и да пополнат“, додаде тој.

Филипче оцени дека власта живее изолирана од реалноста. „Очигледно е дека се затворени во некој меур, гневот на граѓаните не го слушаат. За разлика од нив, јас сум во комуникација со обичните граѓани коишто укажуваат на проблемите“, рече Филипче.

Тој подвлече дека СДСМ нуди конкретна и искрена политика: „Патот веќе тргнавме да го одиме – патот на отвореност, транспарентност, искреност, сериозна и аргументирана критика на владата… Ние разговараме за реалните проблеми на граѓаните и им нудиме реални и изводливи конкретни решенија“, истакна Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Душко Милев: Предллогот на Филипче за дополнителни 3 денари на цената за откупа на грозјето е спас за лозарите

C +

Вистината за АНБ: Дали Мицкоски за торби пари ги продавал државните интереси на туѓи држави?

C +

Филипче за Слободен печат: Владата нема желба ниту да ги зголеми платите, ниту да ги стави под контрола цените

C +