26. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски со честитка до влашката заедница: Имате значајна улога во градењето на Македонија, да работиме заедно и да обезбедиме подобар живот за граѓаните

Мицкоски со честитка до влашката заедница:

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам Националниот дел на Власите 23 мај.

Влашката заедница има значајна улога во градењето и развојот на Македонија.

И во историска и во општествена смисла тие се лојален дел од развојот и постоењето на државата.

Денес Власите активно учествуваат кон трансформирање на државата, нешто за коешто се обврзавме пред граѓаните.

Преку заедничка работа, труд и посветеност ние градиме соживот, но и услови за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.

Свесен сум дека и Власите како и останатите граѓани го живеат тешкото секојдневие на предизвици и препреки, но заедно сите посветено мораме да работиме да ги премостиме сите заеднички проблеми и да донесеме решенија за идните генерации.

Македонија го оди патот на трансформацијата, каде што ќе се почитуваат принципите на владеење на правото, правна држава, бескомпромисна борба против криминалот, како и вредностите врз кој треба да се развива државата, а тоа е исполнување на ветувањата, реализација на проектите и градење на држава во која секој ќе си ја пронајде сопствената иднина и среќа.

Наша обврска и задача е преку толеранција, меѓусебно разбирање и почитување на различностите да продолжиме да живееме и создаваме во ова парче земја и да градиме мостови на пријателство.

Нека Ви е честит 23 мај, Националниот ден на Власите.

Христијан Мицкоски,

Претседател на Владата на Република Северна Македонија

Можеби ќе ве интересира

Владата преку Министерството за транспорт продолжува со силната активност за доизградба на железничкиот Коридор 8 кон Република Бугарија

ДЕСК

ДУИ: Грешките на ВМРО ја поткопуваат перспективата на државата, ДУИ нуди ветинг со меѓународен мониторинг

ДЕСК

Тежок инцидент во затворот Идризово – млад осуденик нападнал затворски полицаец

ДЕСК