5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Повторно го повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го донесеме заедно законот за Кочани

СДСМ ја покажува својата одговорност и човечка солидарност со предлог Законот за помош на настраданите во Кочани.

Како што истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, законот е директен одговор на реалните потреби на семејствата на настраданите и повредените во трагедијата. Тој денеска повторно го повика ВМРО-ДПМНЕ заедно да го изгласаат законот во Собранието.

„Дадовме предлог Закон за помош на настраданите во Кочани. Тие луѓе имаат вистинска мака. Луѓето што ги сретнавме во Кочани имаат потреби и тоа воопшто не е лесно“, истакна Филипче.
Тој посочи дека трошоците со кои се соочуваат погодените семејства се значителни и вклучуваат медицински третмани, рехабилитација и психолошка поддршка.

„Имаат трошоци за лекување, за рехабилитација, потребна им е психолошка поддршка. И ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува законот. Зошто? Затоа што бил противуставен. Подготвени се да измислат секаков изговор и во ваква ситуација“, рече тој.

Филипче потенцира дека во законското решение се опфатени и семејствата погодени од други трагедии, со цел никој да не биде изоставен.

„Во законот ги вклучивме и семејствата од другите трагедии. Да не речат дека бегаме од Тетово, Беса транс, Ласкарци. Но, ВМРО-ДПМНЕ не сака да разговара на ниту една тема – сѐ одбиваат. Повторно го повикувам ВМРО-ДПМНЕ да го донесеме заедно законот за Кочани“, изјави претседателот на СДСМ.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, попладнево е со членовите и граѓаните на Желино, Брвеница и Гостивар.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК