Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Димовска: Парламентарната дипломатија и регионална соработка се незаменливи алатки за градење мир и напредок

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, имаше обраќање на 4. Состанок на генерални секретари на Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во рамките на Округлата маса на тема: „Придонесот на Парламентарното собрание на Медитеранот во новиот ЕУ-Пакт за Медитеранот”, што се одржува во Маракеш, Мароко.

„Новиот ЕУ-Пакт за Медитеранот претставува повеќе од политичка рамка, тој е обновена заложба за заедничките вредности: солидарност, човечко достоинство, одржлив развој, безбедност и мир. ПСМ е клучен столб во овој процес – како глас на народот и како форум за инклузивен дијалог, законска усогласеност и координирано дејствување“ – истакна Димовска.

Со оглед на тоа што нашата земја долги години е во чекалната на ЕУ поради билатерални прашања, заложбата за соживот, соработка, за партнерство, мора да биде заедничка и искрена. Како држава остануваме целосно посветени на реформите и усогласување со ЕУ стандардите.

Придонесот и како Собрание и како Парламентарно собрание на Медитеранот, е клучен во областа на стабилноста и безбедноста, во соочувањето со заедничките предизвици како миграциите, борбата против тероризмот, организираниот криминал, сајбер-безбедноста.

Како членки на ПСМ, рече Димовска, мора да бидеме фокусирани на одржливиот развој и климатска акција, но и на зелената и правична транзиција. Преку ПСМ, имаме можност да ги претвориме законодавните амбиции во практични регионални политики – во енергетско поврзување, циркуларна економија, чисти технологии и инфраструктура отпорна на климатски промени. Како држава, пак, сме посебно фокусирани на младински политики, за подобра и попросперитетна иднина за младите и спречување на одлив на мозоци.

Парламентарната дипломатија и регионалната соработка се незаменливи алатки за градење мир и напредок. Само преку дијалог и заедништво може да ги надминеме сите предизвици и да чекориме кон демократски напредок и просперитет – заклучи генералната секретарка на Собранието.

Фото Парламентот

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК