Преговарачите на Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа договор за регулативата за постепено воведување на системот за влез/излез (ЕЕС), електронски систем кој ќе овозможи дефинитивно напуштање на печатите во пасошите. Овој договор сега треба официјално да биде потврден од двете законодавни институции. После тоа, Комисијата треба да донесе посебна одлука за почеток на постепеното воведување на ЕЕС. Преодниот рок ќе трае шест месеци.
EEС е заеднички електронски систем кој ќе ги евидентира и складира информациите за датумот, времето и местото на влез и излез на граѓани кои не се членки на ЕУ кои ги преминуваат границите на ЕУ.
Тој автоматски ќе го пресмета времетраењето на овластениот престој на тие државјани на трети земји и ќе издава предупредувања до земјите-членки на ЕУ за истекот на периодот на овластен престој. Беше планирано ЕЕС да се имплементира веќе во ноември минатата година, но беше одложено бидејќи не сите земји беа подготвени за имплементација. Затоа, Комисијата предложи постепено да се започне со имплементација на системот.
ЕЕС ќе важи за лицата на кои им е потребна виза за краток престој и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ ослободени од визи.
Во првите два месеци, земјите-членки може да го применат системот без употреба на биометриски податоци, а по три месеци, ЕЕС треба да се применува со биометриски податоци на најмалку 50 проценти од граничните премини. Целосната имплементација на системот, односно регистрација на сите патнички премини, треба да следи до крајот на преодниот период. Во периодот на транзиција ќе продолжи ставањето печати на пасошите.
ЕЕС ќе важи за лицата на кои им е потребна виза за краток престој и за оние кои доаѓаат од земји кои не се членки на ЕУ ослободени од визи.
Како дел од овој нов систем, службениците за гранична контрола ќе ги скенираат отпечатоците од прстите на лицата кои првпат ја минуваат границата или ќе ги фотографираат тие лица. Овие информации ќе се чуваат во дигитална датотека, што ќе овозможи точно да се знае кој влегува во Шенген зоната со странски пасош, а кој останува подолго од дозволените 90 дена./Извор:Makfax
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...