Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тошковски во посета на Емиратите: Размена на искуства, знаење и силна поддршка од Обединетите Арапски Емирати во градење на модерна, успешна и напредна полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на покана на Саиф Бин Зајед Ал Нахјан министер за внатрешни работи на ОАЕ деновите учествува на Светскиот полициски самит каде има и свое обраќање.

Во рамки на оваа посета министерот Тошковски оствари билатерална средба со неговиот колега Зајед Ал Нахјан, втора за кратко време, која е показател за интензивирање на односите и заемната доверба меѓу двете држави.

„Разговаравме за унапредување на стратешката безбедносна соработка, особено во доменот на борбата против транснационалниот организиран криминал, тероризмот и новите безбедносни закани кои не познаваат граници.

Фокусот беше ставен на операционализација на веќе потпишаниот договор за безбедносна соработка, преку формирање на заеднички оперативни тимови и размена на информации. Обединетите Арапски Емирати остануваат еден од нашите партнери во глобалната безбедносна архитектура, а оваа средба е уште еден чекор напред во тој заеднички ангажман.“, потенцираше министерот Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

Власта да покаже конструктивност заради работниците, да го поддржи Законот за 600 евра плата, велат од СДСМ

C +

СДСМ е за целосна интеграција во ЕУ, БРИКС и изолација не се опција

C +

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

C +