10. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСвест

Министерката Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 11. Економски и финансиски дијалог со ЕУ

12 мај 2025, Скопје – Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери, земјите од Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина.

Фокусот на годинашниот, 11-ти по ред, Економски и финансиски дијалог, којшто претставува годишен дијалог за економска политика, е конкурентноста на Европа во контекст на сегашните геополитички случувања и потребата од поедноставување на правната рамка со цел намалување на административниот товар врз компаниите. Во тој контекст, министерката ќе се осврне на реформите што ги презема македонската Влада на полето на подобрување на конкурентноста на економијата со крајна цел забрзување на економскиот раст.

На годинашниот Економски и финансиски дијалог во Брисел учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка, Европска инвестициска банка, како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина. На состанокот ќе бидат усвоени заеднички заклучоци кои во наредниот период ќе бидат основа за креирање политики и спроведување реформи на патот на РС Македонија за целосна евроинтеграција.

Можеби ќе ве интересира

Издадени првите лиценци за батериски систем за складирање на електрична енергија од обновливи извори

C +

Унгарскиот MOL го презема снабдувањето со нафта во Србија по санкциите на САД

C +

Поскапеа цигарите, поскапуваат пратките од Тему и Али Експрес, а цените во маркетите — до плафон

ДЕСК