Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Доделени Решенија за субвенции на велосипеди во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и оваа година ја спроведе мерката за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел да се стимулираат жителите почесто да ги користат велосипедите и велосипедските патеки, заеднички да придонесеме за поздрава и почиста животна средина и здрави навики на живеење. Оваа година вкупно 63 граѓани добија субвенции за купен велосипед.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година, која траеше до 30 април годинава. Износот кој го доделува Општина Илинден како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купен велосипедот или максимум до 4.000 денари по велосипед.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +