Изјава на премиерот Христијан Мицкоски:
„Добар ден и од мене.
Уште еден убав момент за Македонија, за македонските граѓани. Уште еден нов објект којшто полека, но сигурно, гледате како никнува, за многу скоро од денес овој објект, којшто беше барање на граѓаните на ова населено место во општина Гази Баба, ќе стане реалност.
Тоа значи уште една потврда на политиките на оваа Влада, дека ќе поддржува проекти во општините коишто ќе додадат квалитет во животот на граѓаните.
Околу техничките детали и стратегијата нема да зборувам премногу, бидејќи тоа го направија претходните говорници.
Јас само сакам да кажам дека самата постапка на промена на ресорите во самата Влада, уште на самиот почеток на мандатот на оваа нова Влада, пред речиси една година, значеше дека Министерството тогашно за социјална политика и труд ќе добие поинаква конотација и поширока надлежност, посебно во делот на демографијата и младите. Овој објект овде е токму во таа насока.
Бидејќи, колку повеќе градинки и училишта има, толку подобри услови има за нашите најмили, тоа се дечињата. И тоа е еден предуслов за подобра демографија и повеќе дечиња, да имаме на коишто ќе им се радуваме. Тоа е суштината на политиката на оваа Влада, и токму поради тоа денес Министерството е за социјална политика, демографија и млади.
За да нема потоа изговори дека нема градинки, има големи листи на чекање, нема каде родителите дечињата да ги остават, и токму поради тоа не се одлучуваат да ги прошируваат своите семејства. Ние, како Влада, работиме во таа насока, и ова не е прва. Како што кажува и самиот министер, ќе има десетици на број во периодот којшто следи коишто ќе се изградат согласно потребите на оние населени места и во оние општини каде што има потреба од тоа.
Наскоро од денес кога ќе биде помине во парламент и Законот за здравствена заштита, очекувам да и оние процедури за ин витро-двојно се зголемат од три на шест, бидејќи веќе се обезбедени средства во буџетот.
Така што проактивната политика на оваа Влада е она коешто претставува наша цел и обврска пред граѓаните, и тоа беше она коешто ние го ветувавме.
Се разбира тоа колку е посилно толку е помоќно, и колку повеќе испорачуваме, толку противниците политички на оваа Влада ќе бидат нервозни. И толку повеќе ќе исфрлаат отровни стрели, лаги, конструкции, ќе клеветат, ќе измислуваат-мислејќи дека на тој начин, со растурање пердуви ќе постигнат нешто коешто ќе може да ги оживее во политичка смисла на зборот. Но, јас мислам дека им е погрешна стратегијата.
А нашата стратегија е ориентирана и определена на работа, на испорака и на проекти. Така дадовме збор пред граѓаните пред една година, така и продолжуваме една година подоцна, и така ќе продолжиме и во годините потоа.
Можело поинаку, можело да се гради, а не како досега, по принципот „да се украде“. Така што оваа Влада ќе гради, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Повисоки пензии, повисоки плати, градинки, училишта, автопатишта, булевари, железница, сето тоа е главен приоритет на оваа Влада.
И, се разбира, да не заборавиме, а тоа е одлучна, робусна борба против криминалот и корупцијата, без разлика дали станува збор за политичко или на поинакво ниво. Денес повеќе немаме криминални банди коишто низ градовите во Македонија дивеат и коишто се страв и трепет дури и за претставниците на МВР.
Денес можеме спокојно да се движиме. Се разбира, ако некој праша дали сум задоволен, не сум задоволен. Уште во периодот треба да продолжиме и уште појако да се бориме во делот на владеењето на правото. Само така ќе покажеме дека сме вистински европска држава, којашто заслужува да биде дел од европското семејство.
Уште еднаш сосема на крај ќе ми дозволите ми да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја прави еве веќе четврта година по ред овде во општина Гази Баба. Ќе ми дозволите да им честитам на пратениците од Гази Баба во парламентот, за борбата што ја водат таму за проект повеќе и претходно кога бевме во опозиција, и сега кога сме Влада.
Да им честитам на советниците коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрација, на моите колеги од владата, министрите и заменици – коишто се денес овде со нас. Бидејќи на овој начин, покажуваме како законодавната, извршната и локалната власт работат во една хармонија и испорачуваат за граѓаните.
Тоа е вистинскиот рецепт. И тоа е рецепт којшто сум убеден дека после локалните избори коишто ќе се одржат во октомври, ќе продолжи.
Граѓаните не сакаат опструкции. Не сакаат лаги, подметнувања и не сакаат конструкции. Граѓаните сакаат проекти, сакаат работа, владеење на правото и отчетност.
Тоа го може оваа влада, јас сум убеден во еден историски резултат на следните локалните избори. Ви благодарам.“
Линк до изјавите