Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Ја поддржуваме борбата против корупцијата и криминалот, но ако има политички прогон ќе реагираме остро

Апсолутно ја поддржуваме борбата против корупцијата и криминалот. Сметам дека вистински резултати нема да се постигнат само со поединечни случаи, туку со целосно менување на системот согласно планот за раст, реформската агенда, промената на законите, вистински систем за селекција на кадри на сите нивоа, не само во правосудството, туку и во образованието, а понатаму и сите други сегменти, демократските институции, јавната администрација, здравството и така натаму, вели претседателот на СДСМ Венко Филипче во гостувањето во емисијата Политиканти.

-Во однос на процесите коишто се водат, будно ги пратиме, имаме правен тим и ги поддржуваме институциите да работат непистрасно и независно. Но најсериозно, најсилно и најостро ќе реагираме ако видиме дека има политички прогон. Ќе видиме како ќе се одвиваат тие случаи, вели Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК