18. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Парада на цинизам и лаги

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека парадата во Москва, која се одржува на 9 мај по повод Денот на победата, ќе биде „парада на цинизам и лаги“.

Тој рече дека 80 години по победата над нацистичка Германија, против руското „зло“ мора да се „бори“.

„Мора да се бориме заедно, решително, силно“, рече Зеленски во говор објавен на социјалните мрежи.

Тој, исто така, ги осуди комеморациите што Кремљ со голема помпа ги организира во Москва за утре.

„Тоа ќе биде парада на цинизам и лаги“, рече Зеленски во говорот од Киев.

За потсетување, централната парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна ќе се одржи утре, 9 мај, на улиците на Москва.

Бројни светски претставници веќе почнаа да пристигнуваат во руската престолнина, која е под невидени безбедносни мерки поради заканата од напади со украински беспилотни летала./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тајмс: Велика Британија ќе ја признае палестинската држава овој викенд

C +

Тројца полицајци убиени, двајца ранети во Пенсилванија, осомничениот убиен

C +

Талибанците го забранија интернетот во северен Авганистан

C +