Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Новиот германски министер за надворешни работи: Украина може да се потпре на Европа

Новиот германски министер за надворешни работи Јохан Вадефул вети европска поддршка за Украина по неговата посета на Варшава вчера, пишува Киев Индепендент.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц положи заклетва на 6 мај, а Вадефул ја презеде функцијата истиот ден заедно со новиот кабинет. Новите германски претставници ветија континуирана поддршка за Украина во услови на руска агресија.

Вадефул се сретна со полски претставници во Музејот на полската армија во Варшава, каде што разговараа за европската безбедност во контекст на војната на Русија против Украина. „Заедно сега правиме повеќе за европската безбедност, вклучително и финансиски“, рече тој.

Вадефул го предупреди Кремљ дека Германија и Европа ќе продолжат да ја поддржуваат Украина. „Секој во Москва мора да знае дека Европа ќе ја поддржи Украина“, рече Вадефул.

Мерц претходно објави дека е подготвен да ја зголеми германската поддршка за Украина, вклучително и испраќање ракети со долг дострел „Таурус“ во Киев.

Да потсетиме дека поранешниот германски канцелар Олаф Шолц постојано ја блокираше испораката на ракетите со долг дострел „Таурус“ поради загриженост за ескалација со Русија./Извор:Makfax