Centar.mk
СВЕТ

Кинескиот претседател денеска оди во Русија, ќе присуствува на парадата на Путин

Кинескиот претседател Кси Џинпинг денес ќе ја започне четиридневната посета на Москва како највисок државен гостин на руските комеморации по повод Денот на победата во Втората светска војна.

Според Кремљ, средбите со рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат фокусирани на изградбата на долго планираниот втор гасовод за извоз на гас во Кина.

Меѓународните прашања ќе ја вклучуваат војната во Украина и континуираните преговори меѓу Русија и САД.

Путин и Кси треба да се сретнат утре, според советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Во петок, Кси ќе биде гостин на планираната голема воена парада во Москва. Русија го слави Денот на победата, 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Се очекува руските и кинеските претставници да потпишат неколку договори на владино ниво за време на посетата.

Колку повеќе Русија се оддалечува од Западот, толку повеќе се потпира на своето стратешко партнерство со Кина. Според официјалните податоци, обемот на билатералната трговија минатата година се искачи на 245 милијарди долари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.