Centar.mk
фото Општина центар
вестЛОКАЛНО

Герасимовски: Македонскиот јазик е нашиот дом, да го негуваме, развиваме и пренесуваме за идните генерации

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, упатува честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Во честитката, тој истакнува дека јазикот е нашиот дом, корен и завет.

„Нека ни е честит Денот на македонскиот јазик. Гордо го славиме 5 Мај, денот кога македонската азбука беше озаконета и поставен темелот на нашиот јазичен идентитет. Јазикот е наш дом, наш корен и наш завет. Да го негуваме, развиваме и пренесуваме со љубов и посветеност, денес и за идните генерации. Македонскиот јазик заслужува да се слуша, чита и почитува, насекаде“, вели Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје

ДЕСК

Известување за воведување на нов сообраќаен режим на новите семафори на крстосниците со булеварот “Македонија”

ДЕСК

ГРАДОТ СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ: Авионска дезинсекција на 1 и 2 јуни

ДЕСК