Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Кузеска: ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина, пад на слободата после 8 години

Изјава на Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ:

За прв пат после 8 години Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година, објавен од „Репортери без граници“.

После осум години постојан напредок под водство на владите на СДСМ ваков драстичен пад се случува за прв пат

Од 118-то место во 2016 година, со СДСМ Македонија напредуваше до 36-то место, на најдобро место во регионот, благодарение на посветените политики за слобода на говорот, транспарентност и независност на медиумите.

Овој континуиран напредок на слободата на медиумите сега е сериозно загрозен.

ДПМНЕ се врати – слободата на медиумите замина.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, слободата на медиумите се гуши, новинарите се под притисок, а медиумскиот простор се стеснува. Денес тоа повторно се случува.

„Репортери без граници“ алармираат дека новинарите се изложени на закани и напади, а владините функционери покажуваат понижувачки ставови кон медиумските работници.

Наместо да ги унапредува демократските стандарди, Владата предводена од ДПМНЕ ги враќа добро познатите методи на контрола, притисоци и страв.

Ова е јасен аларм за загрижувачката насока во која оди државата под власта на ДПМНЕ.

Ја повикуваме јавноста, граѓанските организации и меѓународната заедница на будност, ова се загрижувачки тенденции.

Слободата на медиумите е темел на секое демократско општество и не смее да биде жртва на партиските апетити и авторитарните амбиции на ДПМНЕ.

СДСМ останува цврсто на страната на слободното новинарство и ќе продолжи да се бори против секоја форма на цензура, притисок и медиумска репресија.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ТВРДИ ДЕКА ДОЦНАТ ПЛАТИ, ЕСМ ДЕМАНТИРА – Компанијата најавува исплата во законскиот рок

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДЕСК

Димитриевиќ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за Алта банка – СДСМ бара итна истрага!

ДЕСК