Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Во Dioptra Optics промовирана новата колекција на Dioptra Eyewear – 100% Made in Italy

Синоќа во ТЦ Лептокарија, Dioptra ексклузивно ја претстави својата најнова колекција на очила – дизајнирана и изработена во Италија, инспирирана од желбите на своите клиенти и создадена со највисоки стандарди на квалитет и изработка.

Новата колекција, инспирирана од медитеранскиот дух, зрачи со енергија, стил и автентична убавина, доловувајќи ја слободата и шармот на медитеранскиот начин на живот. Секој модел е мајсторски изработен од целулозен ацетат, добиен преку прецизен процес на трансформација на природен памук – материјал кој ја задржува својата природна суштина, нудејќи еластичност, издржливост и мекост кон кожата. Благодарение на неговата уникатна способност за обликување во бескрајни форми и бои, ацетатните рамки се симбол на автентичност и стил.

“Колекцијата е внимателно создадена за да одговори на различни вкусови и стилови. Таа нуди сѐ – од минималистички, лесни и дискретни модели изработени од медицински челик, до смели, колоритни и винтиџ инспирирани рамки. Без разлика на преференциите, секој ќе може да се пронајде и да го најде совршениот модел што ќе ја изрази неговата индивидуалност. Отсекогаш ги следиме желбите на клиентите, а оваа колекција е токму резултат на долгоочекувано барање, што за нас претставува огромно задоволство и потврда за нашиот успех.

Ова е веќе третата колекција на Dioptra – претходните две беа лансирани по повод 25-годишнината и 30-годишнината од нашето постоење. Овој пат, по барање на клиентите, одлучивме колекцијата да стане постојан дел од портфолиото на Dioptra.

Со особена гордост ги прифаќаме комплиментите од нашите клиенти и партнери, кои препознаваат дека сме пионери во оптометриската индустрија во земјата, нешто што за нас е најголемо признание за повеќе од три децении посветена работа.”- рече м-р Марија Костуранова, сопственичката на Dioptra Optics и Dioptra Couture. 

Особено внимание привлече новитетот во колекцијата – бројни модели со клип-он решенија, кои носат функционалност, практичност и додадена вредност за динамичниот животен стил на современиот корисник.

Настанот се одвиваше во автентичен италијански амбиент, збогатен со звуците на италијански канцони, вкусот на лимончело, жолто-сини детали и текстури кои ја пренесоа медитеранската атмосфера. Специјални гости на настанот беа претставници од Италијанската амбасада и директорот на Italian Trade Agency (ITA), чие присуство ја потврди меѓународната вредност и ја изразија својата поддршка за уникатниот концепт и визија на Dioptra Optics.

Колекцијата веќе е достапна во сите оптики на Dioptra и е понудена по промотивен попуст од 50%.

Со оваа колекција, Dioptra уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон современа визија, втемелена врз традиција, иновација и искрена грижа за клиентите. Со над 30 години искуство, тимот од Dioptra останува доследен на вредностите на доверба, одговорност и естетика – создавајќи производи што ја истакнуваат индивидуалноста на секој поединец, со стил, прецизност и љубов.

Можеби ќе ве интересира

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

ДЕСК

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

ДЕСК

Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално

ДЕСК