6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Зеленски: Путин сака примирје само за време на неговата парада

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека светот не сака да чека до 8 мај за најавеното примирје на рускиот претседател, Владимир Путин, да трае само неколку дена и повика прекинот на огнот да трае најмалку 30 дена.

„Од некоја причина, сите треба да почекаат до 8 мај и дури тогаш да постигнат прекин на огнот за да се обезбеди мир за Путин за време на парадата“, рече Зеленски во видео обраќање објавено синоќа.

Рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје во војната со Украина што ќе стапи на сила следниот месец по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна.

„Ние ги цениме човечките животи, а не парадите. Примирјето не треба да трае неколку дена само за да продолжи убивањето потоа“, додаде украинскиот претседател, коментирајќи ја најавата на Путин за ограничено примирје.

Зеленски повика на „целосен и безусловен прекин на огнот од најмалку 30 дена“ за да се обезбеди „основа за вистинска дипломатија“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Јапонија постави втор температурен рекорд за само една недела

C +

Ердоган доаѓа во Киев на покана од Зеленски – набргу нова рунда преговори?

C +

Зеленски ги посети војниците на бојното поле: „Тие се борат против платеници од Азија и Африка“

C +