Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Обвинителството да го истражи скандалот со Стефковски и да утврди одговорност за сите

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка:

Почитувани граѓани,

Скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици, а потоа беше ослободен од страна на МВР го потврди она што сите многу добро го знаат: за функционерите на ДПМНЕ и нивните роднини не важат законите.

Министерот Панче Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот но само откако СДСМ го обелодени случајот.

Граѓаните не се наивни и многу добро знаат да не реагиравме ние, ова скандалозно самоволие ќе останеше скриено од очите на јавноста, а прекршителите недопирливи.
Само затоа што се роднини на функционери од ДПМНЕ.

Но скандалот отвора и нови апсекти.

Дали лично градоначалникот Стефковски се јавувал на посоченит началник во МВР за да врши притисок и да обезбеди ослободување на неговиот брат?

Дали ќе има кривична одговорност за тоа што казната му е напишана на друго лице?

Граѓаните заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно раководење, а не злоупотреба на службени позиции за заштита на привилегирани функционери, нивните роднини и пријатели.

Овој настан ја покажува целосната нефункционалност на правниот систем под водство на ВМРО-ДПМНЕ и ја разоткрива нивната двојна политика: едно правило за обичните граѓани, друго за привилегираните блиски до нив.

Затоа прашуваме гласно и јасно:

Кој ќе ја преземе политичката одговорност за овој тежок скандал?

Дали Стефковски има доблест да поднесе оставка?

Дали министерот Тошковски ќе си замине од функцијата поради очигледната злоупотреба на полицијата во заштита на блиските функционери од ДПМНЕ?

Ги повикуваме сите надлежни институции, вклучително и Јавното обвинителство, веднаш да отворат истрага за постапките на полицијата и за евентуалната вмешаност на Стефковски.

СДСМ останува на страната на граѓаните и ќе продолжи бескомпромисно да се бори против сите злоупотреби, без разлика од каде доаѓаат.

Граѓаните сакаат правда, граѓаните сакаат институции што работат за нив, а не за заштита на блиските до врвот на ВМРО-ДПМНЕ!

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК