Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пороен дожд, грмежи и град ќе го погодат Скопје и повеќе градови

Денеска нѐ очекува променливо и нестабилно време со сериозни услови за локално невреме, предупредуваат метеоролозите.

Според најавите, во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи, а на одредени локации се очекува пороен дожд, засилен ветер и изолирана појава на град.

„Процесите ќе бидат поинтензивни на неколку места и може да се развијат во форма на краткотрајно, но силно невреме“, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Најризични се попладневните и вечерните часови.

Минималните утрински температури ќе се движат од 5 во Маврово и во Берово до 12 во Гевгелија, а максималните дневни од 12 во Маврово и 25 Целзиусови степени во Гевгелија.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно, а во делови од котлината се очекува нестабилност со пороен дожд, силен ветер и појава на грмежи. Постојат услови и за изолирана појава на град. Температурата во главниот град ќе се движи од 12 до 23 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Мицкоски се заканува во обид да направи дефокус од прашањето со мигранитте

ДЕСК

СДСМ ќе претстави онлајн платформа за пријавување корупција, најави Филипче

ДЕСК

Кузеска: СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.