25. април 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) /Илустрација
МАКЕДОНИЈА

„Вреди“: Цените паѓаат, семејствата заштедуваат речиси 2.000 денари месечно

Врз основа на податоците од ССМ – Сојузот на синдикати на Македонија, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се намалиле од 23.427 денари во февруари на 21.280 денари во април – намалување од 1.947 денари. Падот на цените е резултат на мерката за замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи, која беше во сила од февруари до април 2025 година, истакнуваат од „Вреди“.

Ова достигнување, како што велат, е резултат на неуморната работа на министерот за економија, Бесар Дурмиши кој, како член на коалицијата ВЛЕН, го води Министерството за економија и труд.

„Според пресметките на ССМ, трошоците за храна и пијалоци за четиричлено семејство се движеле на следниов начин:

Февруари – 23.427 денари

Март – 21.838 денари

Април – 21.280 денари

Според ССМ, од февруари до април 2025 година, трошењето за храна и пијалоци се намалило за 1.947 денари. Ова намалување на потрошувачката, заедно со намалувањето на инфлацијата (која во март изнесуваше 2,7%), јасно го покажува успехот на мерката на Владата и нејзиното директно влијание врз намалувањето на трошоците за живот“.

Според нив, важно е да се напомене дека Владата, од почетокот на својот мандат, континуирано работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку низа социјални и економски мерки.

Министерството за економија и труд, соопшти „Вреди“ изготвува нов модел на потрошувачка кошничка, кој ќе се базира на реални податоци од институциите и ќе ги одразува реалните трошоци за живот на граѓаните./Извор:Makfax