Centar.mk
СВЕТ

Човекот на Трамп: Русија би можела да добие некои украински региони, но не сите пет

Специјалниот претставник на американскиот претседател Стив Виткоф изјави дека неговиот неодамнешен разговор за Украина со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург се фокусирал на прашањето за територијата, како и дека Русија ќе може да задржи „некои нови региони, но не сите“ во рамките на спогодбата.

Во интервју за „Волстрит џурнал“ (WSJ), Виткоф рече дека Киев можеби не е толку заинтересиран за региони каде што населението првенствено зборува руски јазик.

Специјалниот пратеник на американскиот претседател истакна дека „територијалното прашање“ може делумно да се реши.

Путин се сретна со Виткоф на 11 април во зградата на Претседателската библиотека во Санкт Петербург, а разговорите траеја околу четири и пол часа, пренесува Танјуг.

Виткоф претходно изјави дека како дел од преговорите за постигнување мир во Украина, се зборувало за забрана на Украина да се приклучи кон НАТО.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во вторникот го обвини Виткоф за злоупотреба на својата позиција поради разговорите за признавање на нови руски региони, а во четвртокот рече дека Виткоф ја усвоил „стратегијата на руската страна“/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руте по нападот со беспилотно летало во Романија: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија

C +

Светските залихи на нафта се топат, недостатокот и понатамошното зголемување на цените стануваат сè поверојатни

C +

Мајка и дете претрпеа изгореници додека бегаа од зградата во која удри руски дрон

C +