6. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел: Ќе ги задржиме безбедносните зони во Газа и по војната

Израелскиот министер за одбрана изјави дека и по завршувањето на војната армијата ќе остане во таканаречените „безбедносни зони“ кои беа воспоставени со окупирање на големи области на Газа, пренесува Би-би-си.

Израел Кац рече дека тоа ќе бидат „тампон зони“ кои ќе служат за заштита на израелските заедници „во секоја привремена или трајна ситуација“.

Тој додаде дека „десетици проценти“ од палестинската територија биле додадени откако израелската офанзива продолжи пред три недели.

„Околу 30 отсто од територијата на Газа сега е означена како безбедносна зона“, се вели во соопштението на војската.

Кац рече дека Израел ќе продолжи со својата шестнеделна блокада со хуманитарна помош за да изврши притисок врз Хамас да ги ослободи заложниците, и покрај предупредувањата на ОН за „страшни“ последици.

Во средата, Лекарите без граници предупредија дека Газа „е претворена во масовна гробница за Палестинците и за оние кои доаѓаат да им помогнат“.

„Во реално време сме сведоци на уништување и присилно раселување на целото население во Газа“, изјави Аманда Базероле, координаторка на хуманитарната организација во Газа./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп ќе го преименува Министерството за одбрана во Министерство за војна

C +

Руски дрон уби двајца мажи и една млада жена во Украина

C +

Украинците ја нападнаа најголемата рафинерија на рускиот нафтен гигант

C +