Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне со повремени локални врнежи од дожд и грмежи

Времето денеска, претпладне сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот и во текот на ноќта, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 24 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Од почетокот на следната седмица повторно ќе настапи дестабилизирање на времето со повремени врнежи од дожд и грмежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК