Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Велигденски донаторски настан: Вработените на ЕВН за Кочани

Во пресрет на Велигденските празници, вработените на ЕВН Македонија организираа донаторски настан под мотото „Од нас за Кочани“ на кој се приклучија и вработените на Електродистрибуција.  Целта на организацијата беше собирање на средства за настраданите од пожарот во Кочани.

Настанот се одржа во просториите на дирекцијата на ЕВН Македонија. Дел од вработените подготвија вкусни домашни велигденски специјалитети кои беа купувани од страна на останатите колеги со цел понатамошна донација на средствата.  

Ова е втор донаторски настан од вработените на ЕВН Македонија. Првиот се организираше за време на новогодишните празници минатата година.

 

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК

Се апси на повеќе локации низ Македонија, и тоа во Скопје, Прилеп, Струга, Неготино, Табановце… – осум лица завршија со лисици на рацете

ДЕСК