18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) /Илустрација
МАКЕДОНИЈА

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на своите веб-страници.

Оваа обврска произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачите, кои стапуваат во сила в петок.

Како што е наведено во правилникот, трговците треба да ги ажурираат цените на стоките на дневна основа, односно секој работен ден до 10 часот. Секое непочитување ќе се санкционира од Државниот пазарен инспекторат.

Доколку од страна на трговецот се нудат промотивни или цени на попуст, на веб-страницата на трговецот треба да бидат означена редовната цена, процентот или износот на намалувањето, како и времетраењето на промоцијата или попустот.

Измените во Законот за заштита на потрошувачите се очекува да обезбедува транспрентност, но и можност на купувачите да одлучат од каде ќе купуваат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК