Centar.mk
СВЕТ

ЕУ денеска гласа за контрамерки на првите царини на Трамп

Сите 27 земји членки на Европската Унија се очекува да одобрат сеопфатна листа на американски производи што ќе бидат предмет на царини почнувајќи од следната недела како одговор на царината од 25 отсто што ја наметна актуелниот американски претседател Доналд Трамп за европскиот челик и за алуминиумот минатиот месец.

Европските тарифи ќе се воведат во три фази:

Од вторник, 15 април, планирано е да се воведат тарифи од 25 проценти на првичната листа на производи, на која се очекува да бидат мотоцикли, луксузни чамци и сок од портокал. Оригиналната листа вклучуваше и американски бурбон, вино и млечни производи, но тие беа отстранети по лобирањето од европската винска индустрија.

Првично, овие мерки требаше да стапат во сила на 1 април, но беа одложени за да се остави простор за преговори. Сепак, Трамп веднаш го отфрли предлогот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договор без царини.

Втората фаза, која ќе почне во средината на мај, ќе опфати текстил, кожни производи, јајца, забен конец и живина.

Третата фаза е закажана за 1 декември кога ќе се воведат контрамерки за американските производи од соја и бадеми. Сојата, која се користи како добиточна храна, има најголема извозна вредност меѓу американските земјоделски производи извезени во Европа.

Во меѓувреме, денеска стапија во сила новите американски царини од 20 отсто за увозот од ЕУ, но овие европски контрамерки за кои денеска се гласаше во Брисел не се однесуваат на овие последни потези на Трамп. Европската комисија подготвува дополнителни контрамерки, кои би можеле да бидат објавени веќе следната недела./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Маѓар постави услов за деблокада на патот на Украина кон ЕУ

C +

Украина: Бродот со украденото жито нема да го истовари товарот во Израел

C +

Трамп: Италија не беше од никаква помош, а Шпанија е апсолутно ужасна

C +