Centar.mk
СВЕТ

Во израелски воздушен напад врз Газа загинаа 15 лица

Цивилната одбрана во Газа соопшти дека најмалку 15 лица загинале денеска в зори во израелските воздушни напади врз северниот дел на Појасот Газа по повикот на израелската армија за евакуација.

Портпаролот на цивилната одбрана, Махмуд Басал, рече дека нападот бил насочен кон неколку куќи во населбата Шуџаја во градот Газа. „Уште неколку луѓе се заробени под урнатините“, додаде тој.

Израелската војска упати нов повик за евакуација на жителите на Шуџаија и други делови на северниот дел на Појасот Газа.

„Израелската армија оперира со голема сила во вашите области за да ја уништи терористичката инфраструктура на палестинското исламистичко движење Хамас“, рече портпаролот на армијата на арапски јазик, Авичај Адраи, во објава на „Икс“.

Морате веднаш да ги напуштите овие области и да отидете во познатите засолништа во западниот дел на градот Газа“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

C +

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

C +

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

C +