Centar.mk
СВЕТ

Шест туристи загинаа на патување во Египет

Шест лица загинаа во Египет кога потона туристичка подморница. Во несреќата се повредени уште девет лица, од кои четири се во критична состојба.

Туристичката подморница „Синбад“ со 44 патници потона во четвртокот по испловувањето од Хургада.

Спасувачите успеале да спасат 29 луѓе од водата, јавуваат египетските медиуми.

Управата за безбедност на Црвеното Море добила дојава за потонување туристичка подморница, што се случило пред марината на познат хотел, чие име сѐ уште не се споменува во локалните медиуми.

На местото на несреќата се испратени 21 возило на брзата помош, а повредените, поради тешката состојба, се пренесени во локалните болници.

Според медиумите, потонатата подморница веќе неколку години ги предводи туристичките патувања во Хургада./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК