1. април 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Беснее еден од најтешките пожари во историјата на Јужна Кореја, загинаа 26 лица

Интензитетот на пожарите што беснеат во Јужна Кореја денеска се удвои во споредба со претходниот ден, додека бројот на загинати се искачи на 26. Повеќе од 33.000 хектари земјиште горат или веќе изгореа во најголемиот пожар што избувна во централниот округ Ујсеонг, што го прави најголемиот поединечен пожар во историјата на Јужна Кореја.

„На национално ниво сме во критична ситуација со бројни жртви поради екстремно брзото ширење на шумските пожари“, рече вршителот на должноста претседател Хан Дак-Су на состанокот на владата.

Противпожарни хеликоптери гаснат пожари во планинските предели на југоистокот од земјата каде пожарите горат речиси една недела.

Повеќе од 120 хеликоптери се распоредени во три региони за гаснење на пожарите, соопшти локалното Министерство за безбедност. Јужна Кореја се потпира на хеликоптери за борба против шумските пожари поради нејзиниот планински терен.

Пожарите што започнаа во Уисеонг брзо се движат кон исток, ширејќи се речиси до брегот, носени од силни ветрови и суви услови кои ја влошуваат ситуацијата.

Додека метеоролошката агенција прогнозираше дожд на југозапад, врнежите се очекуваат да бидат под пет милиметри во поголемиот дел од погодените области.

„Количината на дождот ќе биде мала, така што се чини дека нема да биде од голема помош во обидот да се изгасне пожарот“, рече министерот за шумски служби на Кореја, Лим Санг-сеоп./Извор:Makfax