Centar.mk
РЕГИОН

Судир во Подгорица меѓу „аудито“ на сестрата на Мило Ѓукановиќ и „мерцедес“ од придружбата на премиерот Спаиќ: полицијата истражува дали е намерно предизвикан

Црногорската полиција истражува сообраќајна несреќа што се случила во понеделникот околу 10.30 часот во Подгорица.

„Мерцедес“ од придружбата на премиерот Милојко Спајиќ се судри со „ауди“ регистрирано на име на адвокатката Ана Ѓукановиќ, сестра на поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ. „Аудито“ во моментот на несреќата не го управувала Ана Ѓукановиќ, туку нејзиниот возач.

Полицијата се сомнева дека возачот на автомобилот „ауди“ поминал на црвено светло. Се истражува дали намерно ја предизвикал несреќата.

Во несреќата нема повредени, но причинета е значителна материјална штета. Спајиќ во моментот на незгодата не бил во „мерцедесот“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

C +

Oдиме на избори, рече Радев откако и третата партија го врати мандатот за состав на влада

C +